Мени

Центарот на градот очистен од снег и лед

21.12.2009 23:00 | KumanovoNews

Вработените во ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска го исчистиа ледот од замрзнатите површини  во централното градско подрачје.

Центарот на градот очистен од снег и лед

Во акцијата што започнала од вчера, биле вклучени 50 вработени, кои го скршиле ледот на најфрекфентните места и тоа: големиот и малиот Плоштад и околните тротоари пред јавните претпријатија и институции.

Ја организиравме акцијата се со цел побрзо да го завршиме чистењето. Од утре ќе продолжиме со редовните активности, чистење на ледот и снегот во поширокиот дел на градот и периферијата - изјави директорот Сашо Петрушевски.