Мени

Чести дефекти на водоводната мрежа

03.04.2012 13:22 | KumanovoNews

 Во последно време екипите на ЈП „Водовод„, секојдневно интервенираат на големи дефекти на водоводната мрежа во централното градско подрачје.

Чести дефекти на водоводната мрежа

Сведоци сме дека се раскопуваат цели улици, тротоари и раскрсници за да се пронајде недостатокот. Од претпријатието велат дека зачестените дефекти се разултат на непостојаниот притисок на водата во мрежата.

Речиси сите проблеми се предивикани од затворањето, или намалениот дотур на водата. Во време кога нема вода, цевките се полнат со воздух, и кога водата ќе дојде воздух мора некаде да излезе. Најопасно е во ноќните часови кога чешмите се затворени, се создава голем притисок на воздух кој нема кај да излезе. Тогаш ги пробива споевите на цевките и прави хаварија на системот- велат од ЈП „Водовод„.

Секоја интервенција чини дополнителен издаток за претпријатието, а велат дека особено е скапо работењето на главниот вод кога мора да се интервенира машински, заради длабочината на цевките.  

Но луѓе упатени во проблематиката велат дека покрај проблемите со притисокот, за таквата состојба е виновна и старата водоводна мрежа, кој мора под итно да се замени ако сака градот да добие квалитетно водоснабдување.