Честитка од градоначалникот за Нова година
31.12.2014 12:27
| KumanovoNews
Градоначалникот Зоран Дамјановски на своите сограѓани им ја честита Новата 2015 година со желби за здравје, среќа и бериќет.
Од свое лично име и од името на локалната самоуправа ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници. Влегувањето во Новата година претставува желба за нов почеток и нова енергија, нова надеж, нови успеси, но и нови предизвици кои ќе треба да се надминат. Ова се празнични моменти исполнети со најдобри желби за здравје, спокој, оптимизам и разбирање. Моменти кога празничната атмосфера не прави, поблиски до нашите семејстава, пријатели и соработници. Среќни Новогодишни и Божиќни празници, драги мои сограѓани - стои во честитката на градоначалникот.