Мени

Честитка од Советот

31.12.2011 15:43 | KumanovoNews

 Претседателот на Советот Виктор Цветковски до граѓаните на Куманово упати честитка од Советот, по повод новогодишните и божиќни празници.

Честитка од Советот

Во свое и во име на Советот на Општина Куманово, на сите граѓани во Новата 2012 година им посакувам среќни и радосни моменти, здравјето да им биде верен сопатник, а љубовта секогаш присутна. Секоја работа што ќе ја почнат да ја завршат со успех, па и покрај тешките времиња бериќетот да не изостане. Ги повикувам на истрајност и упорност во решавањето на проблемите, да останат доследни на она што се и во она во што веруваат. Да останеме сплотени и заедно да ги пребродиме моментите на општата економска криза и немаштија.

Се надевам дека за Куманово 2012 година ќе биде уште поуспешна од претходната и ќе продолжиме на патот на константен напредок.

Нека ни е среќна Новата 2012 година!