Четири фирми опоменати за работа напладне
Трудовата инспекција од Куманово вчера и денеска излегла на терен при што на четири градежни фирми кои дозволиле работниците да работата на отворено од 11 до 17 часот им се изречени дневни забрани за работа.
Денеска инспекторот за безбедност и здравје при работа, Ферсан Бина ги посети градилиштата при што на уште една фирма е изречена забрана за работа.
Според член 49 од Законот за безбедност и здравје при работа , на правни лица им се забранува работа ако работниците директно се изложени на сонце. Може да си работат работници ама на прв кат ако на пример зградата има четири ката. На горната плоча не смејат да бидат работниците, инаку на подолните катови може да ѕидаат. Видов дека им се дава ладна вода за се освежат. Ако се договорат со работодавецот, на секој еден час работа може да им се даде 15 минути пауза. Треба градежниците да носат шлем, очила за заштита од сонце. Нема отстапки дали е градилиштето во центар или во околна населба, сите ги контролираме - вели Бина.
Од Трудовата инспекција објаснуваат дека имаат информации за сите активни градилишта во градот бидејќи пред да почнат со работа фирмите доставуваат известување до инспекторатот. Ако се работи во најтоплиот дел од денот, на правните лица ќе им се изрече казна од 5.000 до 8.000 евра, а одговорното лице ќе плати 1000 евра. Забраната за работа на отворено важи уште денеска.