Мени

Четири улици останаа без вода

04.07.2012 07:42 | KumanovoNews

 Граѓаните кои живеат на улиците “Србо Томовиќ“, “Доне Божинов“, “Франц Розман“ и “Ѓуро Ѓаковиќ“ од  утринава се без вода за пиење.

Четири улици останаа без вода

Од ЈП “Водовод“ велат дека дефектот ќе биде отстранет до крајот на работниот ден. Деновиве има зголемена потрошувачка на вода што е нормална појава за овој период од годинава.

Во останатите делови на градот водоснабдувањето се одбива без прекини.