Четири улици со дефекти на водоводната мрежа
23.11.2012 09:11
| KumanovoNews
Вода нема на три улици во центарот на градот и една во населбата Иго Тричковиќ.
Без вода за пиење утринава се граѓаните кои живеат на улиците “Србо Томовиќ“, “Страшко Арсов“ и урбана единица 12 од улица “Октомвриска револуција“. Во населбата Иго Тричковиќ вода нема на улицата “425“.
Екипи на ЈП “Водовод“ работат на отстранување на дефектите и се очекува водоснабдувањето да се нормализира во текот на денот.