×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четворица Кумановци во регистарот на педофили

    04.06.2012 07:52 | KumanovoNews

     Меѓу стотината педофили чии имиња се објавени во Регистарот кој го изготви Министерството за труд и социјална политика има четворица кумановци.

    Четворица Кумановци во регистарот на педофили

    Тројца се од кумановските села, а еден живее во Куманово. Тие се осудувани за педофилија и веќе и ја одлежале казната затвор. Лицата и се познати на кумановската јавност, бидејќи медиумите пишуваа за нив.

    На страната на овој регистар има информации како да се спречи педофилија. Граѓаните со име , презиме, адреса можат да пребаруваат за одредени лица и да проверат дали се кривично гонети за напад на малолетни лица или педофилија.

    Осудените лица се должни согласно со Закон за посебен регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија по истекот на  изречената казна најмалку еднаш годишно, пет дена пред нивниот роденден  и до крајот на нивниот живот да се пријавуваат кај надлежниот судски орган. Со оваа  законска  обврска овие лица  ќе бидат контролирани до крајот на нивниот живот, а се со цел да се следи нивната состојба, движење и местоположбата.  

    „Она што е значајно е дека  овој Регистар е од јавен карактер достапен е на сите граѓани кои преку пребарување во регистарот ќе  можат на многу едноставен начин да добијат информации за лицата коишто живеат во нивната околина, а кои се осудени за кривични поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија и преку овој регистар се создава основа за воведување на единствена евиденција за лицата осудени  со правосилна пресуда за   кривични  дела од овој тип”, потенцираше министерот Спиро Ристовски.

    Од министерството апелираат до граѓаните да не го злоупотребуваат Регистарот, притоа потсетувајќи дека сите оние лица коишто ќе ги злоупотребат податоците кои се содржани во регистарот, со цел заканување, заплашување, вознемирување на осудените лица или на членовите на нивните семејства или на друг начин ќе ги злоупотребат објавените податоци ќе бидат казнети со парична казна или затвор до шест месеци.