Мени

Чевларските фирми мака мачат со наплата

16.07.2012 11:56 | KumanovoNews

Последниве години чевларските фирми тешко ги наплаќаат парите за сработеното и со месеци чекаат надомест за извезената стока во западно европските земји. Сопствениците на фирмите велат дека обувките кои кај нас се произведени,  Италијанците ги плаќаат мизерно како да се работи за кинески чевли.

Чевларските фирми мака мачат со наплата

Само пет - шест фирми работат готов производ, а другите добиваат репроматеријали од странство. Наплатата оди тешко, а профитот е многу мал. Должници ни се земјите од ЕУ. Не знам дали е до светската криза, но тие прифатија да работат на тој начин со одложено плаќање - коментираат чевларите.

Се смета дека ако и наредната година продолжи овој тренд, многу чевларски фирми ќе се затворат. Чевларската струка и онака е на дното, меѓу најниско платените гранки.

Имаме должници од Црна Гора, Хрватска. Не е во прашање светска, туку европска финансиска криза. Се доцни со плаќање и по една година. Ситуацијата е тешка. Мора паметно да се работи, правилно да се насочат средствата за да не трпат работниците и редовно да земаат плата. Ако порано испорачувавме роба и добивавме 70% од сумата веднаш, сега е обратно, ни плаќаат само 30%, а за другото чекаме - велат од поголемите чевларки фирми.

Во градот има над 40 фирми кои се занимаваат со производство на чевли.