ЦИД ќе прими нови странски волонтери
29.08.2014 11:07
| KumanovoNews
Од средината на септември Центарот за меѓукултурен дијалог ќе биде домаќин на двајца странски волонтери од Франција и Германија.
Тие ќе останат во Куманово за период од една година и ќе организираат активности на локално ниво.
Францускиот волонтер ќе држи културни работилници, и акцентот ќе биде ставен на културата, обичаите, традицијата, дијалектите во Франција. Германскиот волонтер ќе работи со Локалниот младински совет и со деца во Младински центар “Мулти - Култи“- изјави Катерина Ѓорѓиевска, координатор на волонтери.
Во меѓувреме ЦИД има отворени конкурси и бара наши волонтери кои за период од 8 месеци би престојувале во Романија и Словачка.