Членовите на Мировниот корпус дадоа заклетва
Петнаесетата група волонтери на американскиот мировен корпус ја започнува службата во Македонија.
Триесед и седум нови волонтери денеска дадоа свечена заклетва пред амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер на церемонијата што се одржа во Куманово.Волонтерите после 11 неделната обука во Куманово, Романовце, Кратово Пробиштип и Лозово, денеска ја започнуваат својата двегодишна служба во Македонија.Во новата група има волонтери од 21 до 70 години со најразлично образовабние, искуство и припадницџи на неколку различни раси.Сите имаат иста цел промовирање на мирот и меѓусебното разбирање на луѓето од различни култури и потекло. Инаку 22 од нив ќе работат на програмата за образование на англиски јазик, додека останатите ќе им помагаат на невладините организации и организации на локалната самоуправа низ државата.