Членовите на СДСМ масовно даруваа крв
Граѓаните масовно се одзваа на крводарителската акција која ја организираат ОО на СДСМ Куманово и Црвен Крст.
Оваа акција ја организираме 11 години по ред и обично собираме по 76 единици крв. До сега се собрани 115 крвни единци со што го срушивме досегашниот рекорд од 103 . Оваа акција е големо хумано дело, а во исто време и дружење меѓу членовите на СДСМ и на сите наши сограѓани кои во летен период сакаат да дадат крв. Капка крв за некого значи живот, а ние од СДСМ секогаш сме за нашите сограѓани- рече Мартин Костовски, кум на крводарителската акција.
Граѓаните кои со години даруваат крв и денеска ја потврдија својата хуманост.
По 16 пат давам крв. Тоа е добро за самиот човек. Правиш добро за својот организам, а помагаш и на други луѓе - вели Стојанов Владо, крводарител.
Останатите крводарители сметаат дека акции за дарување на крв во Куманово има доволно, но кај граѓаните треба да проработи свеста за тоа колку е важно да се учествува на вакви акции. Присутните на акцијата ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски.