Мени

Цревните заболување ги косат граѓаните

12.09.2010 13:16 | KumanovoNews

 560 лица побарале помош кај своите матични лекари поради болки во стомакот, повраќање, дијареа и висока температура. Лекарите велат дека оваа бројка е многу поголема, бидејќи дел од граѓаните се лекувале сами.

Цревните заболување ги косат граѓаните

 Во август е регистриран зголемен број на пациенти заболени од цревни заболувања. 560 лица побарале помош кај своите матични лекари поради болки во стомакот, повраќање, дијареа и висока температура. Лекарите велат дека оваа бројка е многу поголема, бидејќи дел од граѓаните се лекувале сами.

Најчести причинители за овие заболувања  во овој период од годината се вирусите и бактериите, загадена храна, немиено овошје, особено грозјето и зеленчук, загадената вода и нечисти раце. За да се избегнат ваквите заболувања им препорачуваме на граѓаните да внимаваат на својата хигиена, да пијат многу течности, да консумираат термички обработена и лесна храна, а оние кои ги имаат овие симтоми да воведат диета во нивната исхрана и задолжително да се јават на  матичен лекар и да не се лекуваат на своја рака -рече епидемиологот д-р Предраг Ѓорѓиевски.

  Во последните три месеци 1400 лица имале цревни болести што е зголемено во однос на минатата година.