Мени

Црвен Крст организира акција за Недела на гладта

11.10.2014 09:39 | KumanovoNews

 Општинската организација на Црвениот Крст од 16 до 22 октомври \nво рамки на Недела на гладта ќе собира помош за сиромашните семејства.

Црвен Крст организира акција за Недела на гладта

Мотото е “Помислете и на нас“, а средства ќе се собираат од граѓани и фирми со продажба на бончиња по симболична сума. На Градскиот плоштад ќе биде поставен штанд каде граѓаните ќе можат да донираат. Со собраните пари ќе бидат набавени пакети со основни прехранбени продукти за загрозени семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.