Црвен Крст организира камп во Струга
16.07.2012 08:00
| KumanovoNews
Од 17 до 21 јули во Струга ќе се оддржи летен камп на кој ќе учествуваат 20 волонтери од општинската организација на Црвен Крст Куманово.
Ќе има предавања за дисеминација, за изработка на програми и проекти, комуникација и лидерство. Ова е традиционален камп од едукативен карактер исклучиво за наши членови. Лани бевме во село Дејловце, а претходната година во Пелинце - вели Сања Стојмановска, координатор на млади во Црвен Крст Куманово.
Волонтерите досега учествувале на повеќе кампови во Битола, Виница, Велес и други градови во земјава.