Мени

Црвен крст организира претстава за хуманитарни цели

26.09.2012 07:25 | KumanovoNews

 Младите од Црвен крст организираат хуманитарна претстава “Погодете кој доаѓа на вечера“, која ќе биде прикажана на 3 октомври во 19.30 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Црвен крст организира претстава за хуманитарни цели

Оваа активност е во рамки на неделата за промоција на хумани вредности која трае од 21 до 27 месецов. Црвен крст дава свој придонес, а парите собрани од продажба на влезниците ќе бидат потрошени за хумани цели. Од четврток во просториите на Црвен крст граѓаните можат да купуваат билети за претставата.

Влезниците имаат симболична цена од 60 денари.