Црвeниот Крст лани собрал 2600 крвни единици
08.01.2016 14:21
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен Крст од Куманово во 2015 година реализирала 42 крводарителски акции, при што се собрани околу 2600 единици крв.
Од Црвен Крст велат дека состојбата е слична како и во 2014 година, и се задоволни од одзивот и интересот на кумановци да даруваат крв.
Го одржуваме нивото. Има доста граѓански организации, фирми, учeници кои даруваат крв. И кај младите има интерес за дарување на крв. И оваа 2016 година планираме да организираме 42 крводарителски акции - велат од Црвен Крст Куманово.
Во втората половина на јануари крв ќе даруваат членови и симпатизери на партијата ГРОМ.