Мени

Црвениот крст обезбеди помош за скопски социјалци

19.07.2010 13:37 | KumanovoNews

 Црвениот Крст од Куманово  донираше над осумдесетина пакети со облека и обувки наменети за социјално загрозените смејства,бездомници, старите лица и лицата со посебни во руралните средини во Скопје.

Црвениот крст обезбеди помош за скопски социјалци

 По успешната акција на Црвниот крст од пред месец и половина, кога  се собраа залихи и поголема количина на помош се отвори можност да се донира и да се помогне на другите организација од државата.По барање на градскиот Црвен крст од Скопје пренесочивме дел од помошта за нивните корисници -рече Бојан Петрушевски од Црвениот Крст во Куманово.

 Од таму најавуваат во иднина слични и поголеми хуманитарни донации.