Мени

Црвениот Крст организира предавање за очни болести

22.05.2012 08:43 | KumanovoNews

 Во  зградата на поранешен Комитет, утревечер во 18 часот Црвен Крст во соработка со Поликлиниката Корнеа Медика организира предавање за очни болести.

Црвениот Крст организира предавање за очни болести

На предвањето се повикани педесетина пензионери од пензионерските здруженија во градот. Тие ќе се информираат за глуком, катаракта, ретинопатија и начинот на кој овие болести можат да се третираат. Не случајно постарите се избрани за целна група бидејќи се смета дека тие најмногу се засегнати и честопати имаат проблеми со видот.