Мени

Цвеќе на бистата на народниот херој Панче Пешев

10.10.2014 15:42 | KumanovoNews

 Децата од објектот “Синоличка“ од градинка “Анѓел Шајче“ \nположија цвеќе пред бистата на народниот херој Панче Пешев во дворот на \nМузичкото училиште.

Цвеќе на бистата на народниот херој Панче Пешев

Со ова тие го одбележуваат празник 11 Октомври - Денот на народното востание и Денот на борецот.

 “ На децата им го објаснивме значењето на државниот празникот, на НОБ и на Панче Пешев, кој се борел за слободата на нашата држава. Нашите претци се бореле за слободна Македонија и од тука е најважно да се развие љубовта на децата кон нашата татковина и патриотизмот“ - вели Цветанка Митевска, воспитувач во “Синоличка“.

Децата од градинката и со други активности го слават празникот 11 Октомври.