Мени

Цвеќе на Спомен костурницата за 8 Септември

07.09.2012 10:19 | KumanovoNews

 По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, утре во 11 часот свежо цвеќе на Спомен Костурница ќе положат делегации од локалната самоуправа, политички партии, јавни претпријатија, борци и невладини организации и граѓани.

Цвеќе на Спомен костурницата за 8 Септември

Ќе се одржи прикладна прослава со градска музика. Пред присутните ќе биде изрецитирана една песна. Говор ќе оддржи градоначалникот Зоран Дамјановски. Тој исто вечерта пред натпреварот ќе се обрати во Спортската сала и ќе го честита празникот. Бидејќи се работи за европски натпревар, има строги правила како треба да биде организиран и затоа ќе има балетска точка пред почетокот и на полувремето - изјави Жика Крстевски, раководител на сектор за спорт и култура во општина Куманово.

Крстевски се надева дека во чест на празникот нашиот ракометен тим ќе извојува победа над “Добруџа“ на задоволство на сите граѓани на Куманово.