Дамјановски: Цветковски ги замајува граѓаните на Куманово
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги отфрли како невистини тврдењата на Виктор Цветковски од ГРОМ, дека СДСМ го прислушкувал и му монтирал разговори.
Дамјановски одговори дека на Виктор Цветковски, никогаш не му побарал непринципиелна поддршка со оглед на фактот што тој беше нивни член и обавуваше важни државни и локални функции.
Јас одговорно тврдам дека во ниту еден разговор не сум барал непринципиелна поддршка од вас. Немој да сеете магла и да ги замајувате граѓаните на Куманово. Никогаш ни за чекан, ни за оревче нема да зборуваме, бидејќи вие имавте морална одговорност кон таа партија, уживавте благодети , вие и вашето семејство. Историјата ќе покаже кој соработувал со Државните служби за безбедност. Вие во вашата кратка политичка блиц кариера, бевте директор на Управата за извршување на санкции, бевте државен секретар , и неполни 4 години бевте претседател на Советот на општина Куманово како носител на листа на СДСМ до 2013 година. Кои се мотивите што вака се однесувавте после 2013 година и што вака се позициониравте во политичкот живот на Македонија само вие си знаете - изјави Дамјановски.
Дамјановски потсети дека Цветковски на локалните избори во 2013 години, иако се најавуваше како фаворит освои едвај 5 отсто од гласовите.