Давид Трајковски најдобар млад библиотекар
Давид Трајковски, ученик во деветто одделение во основното училиште \n“Кочо Рацин“, победи на вчерашниот општински натпревар “Млади \nбиблиотекари“ што се одржа во библиотеката „Тане Георгиевски„.
Победникот на 24 месецов ќе ја претставува општината на републички натпревар во Велес.
“Задоволни сме од резултатот и очекуваме уште подобар резултат на државниот натпревар. За овој натпревар имаше обемен материјал, Давид се подготвуваше неколку недели. Прашањата се исклучиво од прирачникот кој ни го доставуваат од библиотеката за историја на библиотеките, нивно настанување, како се чува библиотечниот фонд, како се редат книгите“ - вели Весна Тодоровска, менторка на победникот.
Второ место освои Симона Лазаревска од “Кочо Рацин“, а трета е Марија Спасовска од “Браќа Миладиновци“.