ДБД ги претстави производите на Maxima
Во новоотворениот салон на CasaMia by DBD на “Октомвриска револуција“\n викендов се одржа презентација на производи од српската фирма Maxima.
На презенрацијата беа претставени бои за ентериер, фасадни бои, лепила и други производи од фирмата која е присутна на македонскиот пазар веќе 12 години и важи за балкански бренд.
Кој ќе дојде да купи кај нас има пригодни подароци, попусти и слично. Ги повикувам сите жители на Куманово во наредните денови да дојдат, бидејќи денеска е почеток и акцијата ќе трае скоро недела дена. Идеално време за фасади е помеѓу 14 и 22 степени, значи ова убаво време треба да се искористи. Септември е месец кога најдобар ефект се постигнува со аплицирање на фасади - вели Виктор Шоштариќ од DBD тим.
Цените на производите се пристапни за стандардот на нашите граѓани.