Мени

ДБД со пролетни изненадувања за граѓаните

26.04.2015 12:51 | KumanovoNews

Пролетна акција за продажба на производите на Maxima денеска се одржа во салонот на CasaMia by DBD, на Градскиот кеј во Куманово. Акцијата ќе трае и наредната недела, а предвидува попусти и подароци за верните купувачи.

ДБД со пролетни изненадувања за граѓаните

Денеска имаме пролетна промоција на производите Максима од Лучани, Србија. Конкретно, фокусот е ставен на керамичкиот програм, но не го запоставуваме ни програмот за бојадисување на фасади и на соби,за внатрешно и надворешно уредување на домот. Целото портфолио на самата фирма е прикажано тука и истото може да се најде и во продавницата на ДБД на Градскиот кеј, како и во изложбениот салон во населбата Карпош, - вели Виктор Шоштариќ, раководител во комецијаниот сектор

Граѓаните, кои денеска купија канта од бојата Максипол, добиваат гратис маица и чаша пиво.

Имаме доста намалени цени, поволни услови за продажба на боите за фасади, бидејќи моментално е сезона за обновување на фасадите. И секако да не го заборавиме керамичкиот програм, попуст за лепкови за и маса за фугирање, хидроизолација и други производи од Максима. Ова е едно надополнување на нашиот асортиман, затоа што едно без друго не може. Во нашите салони можате да најдете и санитарија, плочки, галантерија за бањи, и се што е потребно за уредување на бањите и за изведување на градежни работи во вашиот дом. Цените се прилагодени според можностите на купувачите, имаме намалување на цените. Нека повелат граѓаните во нашите салони и сами ќе се уверат, - додава Шоштариќ.

Фабриката Maxima со години наназад е лидер во квалитетот во производство на бои за внатрешна и надворешна употреба, маси за израмнување, декоративни малтери, сретства за тонирање, лепак за керамички плочки, дрво и паркет.

Успешната соработка на двете компании ДБД и Максима трае со години се во интерес на верните купувачи и граѓаните на Куманово.