Мени

Деца на социјалци ќе одат на летување

19.06.2012 09:15 | KumanovoNews

 Барања за користење на бесплатен одмор можат да поднесат децата од загрозените семејства кои се корисници на социјална, постојана парична помош или посебен додаток.

Деца на социјалци ќе одат на летување

Одморите ќе бидат во јули и август. Предвидени се седум дена или шест полни пансиони во некое од домашните летувалишта. Децата треба да достават потврда дека се редовни ученици. Огласот важи само за деца родени од 1997 до 2002 година. Аплицирањето трае до 21 месецов. Барањата треба да се достават во подрачните центри за социјални работи, а списокот на оние деца кои ќе го искористат ова право ќе биде објавен по завршување на јавниот повик.