Мени

Деца-полицајци го регулираа сообраќајот

19.04.2012 13:42 | KumanovoNews

 Проектот „Дете - полицаец за еден ден„ наменет за учениците од основните училишта, и денеска се спроведуваше на кумановските улици.

Деца-полицајци го регулираа сообраќајот

Со право на учество се здобија учениците од прво одделение, кои цртаа на тема како се гледаат во улога на полицаец и од шесто оделение кои пишуваа на истата тема.

Денеска СВР- Куманово го посетија уценици од ОУ „Толи Зордумис„, и се запознаа со работата на службите, со опремата со која располага полицијата, работа на крим.техника, службените кучиња и секако поминаа неколку часа во практична работа на терен, со полициските службеници, кои го регулираат сообраќајот. Притоа децата полицајци, облечени во маичка и со капче, наместо казни, на возачите им делеа флаери со едукативна содржина од област на безбедноста во сообраќајот- вели Виолета Богдановска, раководител во одделот за превенција.

Целта на проектот е градење на доверба на уцениците со полицијата, безбедно учество во сообраќајот, јакнење на свеста и сообраќајната култура кај возаците и другите уцесници во сообраќајот, за поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи, а особено на почитување на другите учесници во сообраќајот.