Мени

Децата однесоа играчки во Црвен крст

01.10.2012 11:16 | KumanovoNews

 По повод детската недела, децата од градинката “Бубамара“ денеска ја посетија општинската организација на Црвениот крст и однесоа подароци за сиромашните деца.

Децата однесоа играчки во Црвен крст

Децата треба да ја ценат хуманоста, толерацијата, за поубав детски свет. Тие денеска ги научија своите права и обврски кои ги имаат кон другите граѓани, кон возрасните. На ниво на градинка “Бубамара“ ние имаме соработка со општинската организација на Црвен крст. Ја продолжуваме традицијата за соработка, помош и почит - изјави Лидија Јаневска, одговорен воспитувач во градинка “Бубамара“.

Просториите на Црвен крст ги посетија четириесетина деца. Лани оваа организација на градинката и донираше телевизор.