Децата во Старо Нагоричане добија топки
18.04.2012 08:16
| KumanovoNews
Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, по повод најголемиот христијански празник Велигден подели топки за фудбал, кошарка и ракомет на децата од неколку села.
Топките беа подарени со цел да се развива спортот и спортската култура на младите на целата територија на Општина Старо Нагоричане.