Мени

Дечињата со приредба за Зеленото знаме

16.12.2011 09:48 | KumanovoNews

Вчера во градинката „Пчелка„ се одржа приредба по повод добивањето на признанието Еколошко знаме.

Дечињата со приредба за Зеленото знаме

Градинката „Ангел Шајче„ од Куманово се закити со ова признание како резултат вкупната работа и достигнувања и развој на еколошката култура кај децата. На приредбата учествуваа дечиња од сите 6 клонови.

 Нашите напори беа да ја потикнеме еколошката свест кај децата за зачувување на животната средина, рециклирање на хартијата и селектирање на отпадниот матерјал. Активностите беа реализирани во текот на целата учебна година во сите шест објекти во сите воспитни групи. Оваа  награда за нас значи голем поттик да продолжиме да работиме -вели директорката Марина Алексовска.

 Кумановската градинка е прва институција во градот што доби ваква награда, во конкуренција на 52 градинки во државата.  На прославата присуствуваа гости од Министерството за образование и невладината организација ОХО и локалната самоуправа.