Дедо Мраз ќе слета со падобран
28.12.2011 11:08
| KumanovoNews
Утре напладне на Градскиот плоштад во Куманово ќе пристигне Дедо Мраз со падобран.
Пречекот на Дедо Мраз ќе биде збогатен со приредаба, а за најмалите ќе бидат поделени подароци. Во програмата ќе учествуваат балетската група „МАК„ и деца учесници на детскиот фестивал „Детелинка„.
Организаторите ги повикуваат родителите да ги доведат нивните деца на новогодишната журка за најмалите.