Мени

Дедо мраз слета со падобран

29.12.2009 15:16 | KumanovoNews

Дедо Мраз денеска во Куманово пристигна со падобран. На радост на најмладите тој се спушти на Градскиот плоштад за да им подели пакетчиња и подароци.

Дедо мраз слета со падобран

 Беше организирана и приредба во која дечињата со песна и игра го пречекаа најпосакуваниот дедо.

Со оваа забава за најмладите започнува празничното расположение во градот кое ќе трае до 31 декември - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Пристигнувањето на Дедо Мраз предизвика големо воодушевување кај децата и сите нестрпливо го исчекуваа моментот кога ќе ги добијат подароците и да се сликаат со него.

На новогодишните празници најмногу им се радуваат децата, токму поради пристигнувањето на Дедо Мраз.

 И.И.