Дефекти на водоводната мрежа го прекинаа водоснабдувањето
31.10.2012 09:09
| KumanovoNews
Една улица во центарот на градот и уште три во околните населби се без вода утринава поради дефекти во водоводната мрежа.
Прекини има на уште една локација каде се поставува нова водоводна мрежа.
Поради дефекти на водоводните цевки вода немаат станарите на улиците “Есперанто“ во централното градско подрачје, “Благој Богдановски - Гуцман“ и “Тоде Думба“во населба Гоце Делчев и “Белановска“ во населба Доброшане.
Вода нема и на улица “Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо каде ЈП“Водовод“ работи на обнова на мрежа.