Дејан Станојковиќ го фати крстот во „Св.Никола“
Дејан Станојковиќ (21) го фати светиот крст во осветените води на базенот во дворот на црквата "Св. Никола". Тој беше најбрз и најсреќен од триесетината момчиња кои скокаа во ладната вода.
- Се чувствувам прекрасно. Малко ми е студено, но задоволството е посебно. Ова ми е 15 пат како скокам по крстот, но првпат како го фаќам и се надевам дека ќе ми донесе среќа - рече Станојковиќ.
Тој се надева дека годинава ќе се вработи. Од црквата доби подарок златно ланче и крст, Библија и чевли. Од здружението „Коледари“ му подарија осветена икона „Св.Јован“, членска карта и благодарница. Во цркавата „Св.Никола“ утрината се одржа света литургија, а сo лицитација на крстот беше избран годинешниов кум.

На овогодинешното фрлање на крстот присуствуваа голем број на наши сограѓани кои земаа осветена вода за здравје на своите семејства.