Мени

Дел од Бедиње без вода

11.07.2012 06:52 | KumanovoNews

 Утринава дел од домаќинствата во населба Бедиње се без вода за пиење. Вода нема и на улица „Доне Божинов“ во централното градско подрачје и на улица “314“ во населбата Иго Тричковиќ.

Дел од Бедиње без вода

Екипите на ЈП“Водовод“ веќе се на терен за да ги санираат дефектите на водоводните цевки. За неколку часа проблемот со водоснабдувањето на посочените локации ќе се нормализира.

Во останатите делови на градот не се регистрирани никакви дефекти.