Мени

Дел од оружје од Гошинце најдено во Брест

27.04.2015 14:07 | KumanovoNews

Пронајдено е дел од одземеното оружје од караулата Гошинце во текот на вчерашниот ден, потврдуваат од МВР.

Дел од оружје од Гошинце најдено во Брест

При претрес на две локации во селото Брест во домот на 55 -годишен  маж, за кој МВР претходно имало сомневање дека е вклучен во нападот врз караулата, се најдени две автоматски пушки, две снајперски пушки, десет пиштоли, муниција, футрола за пиштол и униформа со ознака на УЧК. Со првичните анализи и сериските броеви на оружјата, е утврдено дека станува збор за дел од одземеното оружје од караулата во Гошинце. Оружјето е дадено на понатамошно вештачење со цел пронаоѓање евентуални материјални траги, кои се поврзани со стореното кривично дело, по што ќе следува соодветен поднесок.

Лицето за кое МВР се сомнева дека е вклучено во нападот, не е пронајдено и потрагата по него и по другите лица за кои постои сомнение дека се вмешани продолжува.