Мени

Дел од основците ќе засадат дрвца

21.11.2012 10:54 | KumanovoNews

 Поради лошите временски услови само дел од основните училишта ќе го одбележат Денот на дрвото со засадување на садници во училишниот двор.

Дел од основците ќе засадат дрвца

 Имаме јасени засадени оваа година, но поради лошото време нема децата да ги изнесуваме надвор, туку ќе ги средат внатре паноата, ќе ги чистат училниците. Некој друг ден садници ќе засадат учениците од еколошката секција заедно со наставниците по билогија. Ние аплициравме и чекаме одговор за добивање на зелено знаменце. Во подрачните училишта во с.Речица и с.Долно Којнаре децата садат дрвца, но тие се опремени со цизми и имаат од дома донесено алатки за садење - вели Мерилин Стојчевска, директор на ОУ “11 Октомври“.

Учениците од ОУ“Кочо Рацин“ денеска ќе се посветат на уредување на постоечкото цвеќе и растенијата во дворот.