Делегација од општината во посета на Горњи Милановац и Бања Лука
Градоначалникот Зоран Дамјановски деновиве го посети збратимениот град Горњи Милановац во Србија, а делегација од општината беше и во Бања Лука, БИХ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски беше во посета на збратимениот град Горњи Милановац, по повод Ден на град и одбележување на двесте години од востанието во Таково.
Присуствуваше на бројни културни и забавни манифестации организирани по тој повод како и на главната свеченост на градскиот плоштад. Дамјановски оствари средба со претседателот на општина Горњи Милановац, Милислав Мирковиќ како и неформални средби со голем број на градоначалници од регионот кои присуствуваа на настанот - велат од општина Куманово.
Делегација од Општина Куманово, предводена од секретарот Валентина Алексовска, беше во посета на градот Бања Лука, БИХ по повод седумдесет години од победата на фашизмот и воедно одбележување на Ден на градот. Со бројни активности беа одбележани овие празнични денови како уметнички изложби, свечен прием кај градоначалникот, Слободан Гавриловиќ , полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ, многубројни културни и спортски натпревари и друго.