Делови од градот без вода
18.03.2010 10:02
| KumanovoNews
Поради дефекти на водоводната мрежа денеска без вода за пиење ќе останат дел од населбите „Јане Сандански„, „Карпош„ и улицата „Моша Пијаде„, кај кафеаната „Два Елена„.
Екипите на ЈП „Водовод„ се на терен и работата на отстанување на дефектите, по што се очекува нормализирање на водоснабдувањето, соопштуваат од претпријатието.