Мени

Делови од Куманово и Липково немаат вода

13.11.2012 09:45 | KumanovoNews

 Во центарот на градот и во околните населби на повеќе локации утринава домаќинствата немаат вода за пиење.

Делови од Куманово и Липково немаат вода

Вода нема во Липково кај филтер станицата, на улица “Ѓуро Пуцар - Стари“ и “Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо, делови од Багрем Бања, Стари Лозја, улиците “Сава Ковачевиќ“ и “Крушевска Република“ кај болницата. Вода нема и на улица “525“ во Ајдучка Чешма и кај Шумско стопанство во Бедиње.

До крајот на денот дефектите ќе бидат отстранети.