Мени

Ден на дрвото - по пети пат

30.03.2010 08:38 | KumanovoNews

 Под мотото „Растеме заедно„, денес се одржува петтата масовна акција Ден на дрвото. Во Куманово акцијата ќе се одвива на пет локации во селата Биљановце, Студена бара, Скачковце, Кучкарево и Пчиња на 150 хектари, при што ќе бидат засадени 600.000 садници и тоа црн и бел бор, чемпрес и јасен .

Ден на дрвото - по пети пат

 За таа цел организаторите на акцијата ангажираа автобуси за бесплатен превоз до локациите на пошумување, кои започнувајќи од  9 часот наутро, ќе ротираат на секој два часа кај средните училишта „Перо Наков„, „Наце Буѓони„, „Киро Бурназ„ и гимназијата „Гоце Делчев„.

 Денот на дрвото ќе се одбележи и на граничниот премин „Табановце„ на македонско-српската граница. Во меѓупросторот на граничниот премин, полицајците и цариниците од двете страни, заедно ќе засадат повеќе зимзелени дрвца. На преминот најавено е  учество во пошумување и на на делегација од Холандија, која прстојува во државата и соработуваат со граничните служби. На пошумувањето во Кумановско ќе учествува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и заменик министерот за економија Методиј Хаџи Васков.

Според најавите на организаторите, во рамки на  традиционалното пошумување, планирано е  да бидат засадени  вкупно 7,5 милиони садници. Во акцијата може да се вклучат сите граѓани на Република Македонија.

  Со одлука на Владата, поради организираните акции за пошумување, денес е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министертвото за труд и социјална политика соопшти дека овој ден ќе се одработи на 17 април, сабота.