Денес започнува есента
22.09.2012 06:58
| KumanovoNews
Денеска во 16.49 минути ќе ја дочекаме есента со започнување на есенската рамноденица.
По завршувањето на рамноденицата, денот започнува да се намалува за да го достигне својот минимум на зимската краткоденица, кога завршува есента и започнува зимата.
Денес попладне во северната хемисфера доаѓа есен, а на јужната, пролетта.
Според светските метеоролози, оваа есен можеме да очекуваме најмногу стабилно и сончево време, само ретки и кратки врнежи.