Мени

Денеска е “Ден на дрвото“

21.11.2012 09:36 | KumanovoNews

 Денеска низ цела Македонија се оддржува десетата по ред акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Денеска е “Ден на дрвото“

Во Куманово ќе се пошумува кај месноста Воени Магацини во населба Доброшане и Горна брана во Липково. Планирано е да се засадат 80.000 садници на двете локации.

Во Општината Старо Нагоричане ќе се пошумува месноста Краста, на патот Старо Нагоричане - Никуљане, а ќе бидат засадени 1500 садници.

Најголем поборник на оваа акција која ќе придонесе за зелена Македонија беше оперскиот пејач Борис Трајанов. Во акцијата се вклучуваат министри, пратеници, градоначалници и претставници од јавниот живот. Денеска е неработен ден за сите граѓани.