Мени

Денеска е Светски ден на пензионерите

20.09.2012 07:52 | KumanovoNews

 По повод Светскиот ден на пензионерите, драмската секција од Здружение на пензионери Куманово со претставата “Печалбари“ ќе настапи во Велес.

Денеска е Светски ден на пензионерите

Здружението од Велес истовремено одбележува 55 години од основањето. Тие ќе имаат свечена седница, а потоа ние ќе ја изведеме драмата. Ќе настапат деветнаесет актери. Ние сме многу посветени и една претстава ја работиме, вежбаме по четири или пет месеци. И лани исто на овој ден бевме во Велес, но тогаш ја изведовме претставата “Ленче Кумановче“. Во рамки на одбележување на овој ден планирана е екскурзија до Лесново - рече Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.

На 25 месецов играорната група при здружението ќе учествува на Национална ревија на ора, игри и песни во Скопје во Универзалната сала. Сите активности месецов се во знак на Светскиот ден на пензионерите.