Мени

Денеска е Светскиот ден на руралната жена

15.10.2012 08:26 | KumanovoNews

 По петти пат Федерацијата на фармери го одбележува Меѓународниот ден на руралната жена. Овојпат манифестацијата ќе биде во општината Старо Нагоричане.

Денеска е Светскиот ден на руралната жена

За првпат се организира и натпревар во правење на пити, а најдобрите три жени ќе добијат и награди. На манифестацијата ќе има гости од научната, образовната фела и фармери од цела Македонија. Ќе се организира и “Јуфкијада 2012“. Преку овие настани Федерацијата на фармери сака да ја потенцира улогата на жената во зачувувањето на традицијата и народните специјалитети.