Мени

Денеска е Велики петок-најтешкиот празник во годината

10.04.2015 11:04 | KumanovoNews

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој уште се вика и Распет петок, зашто на овој ден е распнат Исус Христос.

Денеска е Велики петок-најтешкиот празник во годината

Велики петок се смета за најтежок празник во христијанската религија. Овој ден наместо  вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии, се празнува со читање извадоци од евангелијата кои ја опишуваат неделата на страдањата на Синот божји. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. Камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.