Мени

Денеска се слави Богојавление - Водици

19.01.2010 09:57 | KumanovoNews

 Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Денеска се слави Богојавление - Водици

 Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и дух. За спомен на оваа Божествена тајна - Крштевање на Господ Исус Христос, за спомен на овој значаен настан од животот на Неговото спасоносно дело на земјата, и денес се свети вода.