Мени

Денеска се слави Крстовден

27.09.2012 07:46 | KumanovoNews

 Денеска православните христијани го празнуваат Крстовден.

Денеска се слави Крстовден

Денешниов празник е поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Во таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена. Уште еден настан е поврзан со овој празник, а тоа е неговото враќање од Персија каде што беше однесен по персиското освојување и разорување на Ерусалим во седмиот век што се случи за време на византискиот император Ираклиј во 628 година. Денес се слави крстот како симбол на побе­дата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек.

За нашиот народ Крстовден е тежок празник. Денес не се работи и се пости.