Денеска се слави Митровден
08.11.2012 08:34
| KumanovoNews
Денеска православните верници го славаат Свети Димитрија, меѓу народот познат како Митровден и се празнува на 8 ноември според новиот календар.
Светиот великомаченик Димитрија живеел во третиот век по Христос. Се родил во Солун, како син на градоначалникот на овој град. Легендата вели дека солунскиот војвода долго немал пород, и по многуте молитви упатени кон Бога бил даруван со машко дете кое со големо внимание го образувал и воспитувал и го воведувал во христијанството.
Во кумановско, во повеќе села Митровден се слави како селски празник, а во многу семејстава е домашна слава.