Мени

Денеска се варат пивтии

18.01.2012 13:16 | KumanovoNews

Граѓаните од православна вероисповест, денеска варат пивтии за утрешниот празник Богојавление -Водици. Месото се вари додека се создаде желатинската течност, која е основа за специјалитетот.

Денеска се варат пивтии

За пивтии се потребни буткици, коленици, ножиња и кртина месо. Тоа се залева со вода и се вари речиси цел ден, најмалку 8 часа. Кога се убаво варени се чистат од коски, и се реди месото во тањири, му се додава столчено лукче и се засипува со процедена течност во која се вари месото. Се оставаат  да отстојат ноќеска и и утре сабајле се јадат со пресна погача- вели готвачката Добрила Илиевска.

Марифетлукиот на пивтиите е да се прават со видови на меса кои имаат желатин и долго да се варат се додека не се згусни водата. Ако водата е биста и се варат кратко пивтиите нема да се фатат.